Роден е 1875 година во Охрид. Се школувал во риодниот град а потоа во Софија, каде завршил гимназија. По школувањето бил учител во с.Зашле, Битолско. Во април 1902 година се вклучил во четата на Ј.Пиперката. Заедно со војводата Ј.Пиперката бил претставник на Демирхисарската револуционерна околија на Смилевскиот конгрес.
За време на Илинденското востание учествувал како началник на голем четнички одред, водејќи повеќе борби со турскиот аскер и башибозук.
По востанието предводел чета во витолско.
На 4 октомври 1903 година бил опколен од турскиот аскер во с.Брезово. По 11 часовна борба, на 5 октомври со дел од своите четници Д.Матлиев се самоубива. |